Завршен настан од проектот ,,Мотивационо градинарство во склад со природата”

 Во Делчево одржан завршниот настан од проектот за Мотивационо градинарство спроведен од Здружението на производители на органски производи ,,Аронија”. Активноста е дел од  ЕУ проектот „Овозможувачка средина и отпорност на граѓанските организации“. 

Во рамки на завршната презентација како што информираше Фиданчо Христов, претседател на здружението Аронија, учествуваа околу 50 заинтересирани лица, како и сопственици на зелени имоти кои се вклучени во начините на производство на храна со моделите на перма култура. 

-Во рамки на проектот беа одржани седум обуки, чиј видео материјал е поставен на веб страната на здружението. Исто така беа направени 100 анкети на домаќинствата, за селекција на растителниот отпад и негово значење во производство на био храна. Потоа беа изработени седум контејнери за собирање на растителниот отпад од домаќинствата. Контејнерите ќе бидат отстапени на Јавното комунално претпријатие ,,Брегалница”, за да се врши селекција на растителниот отпад и да се употребува при произвдството на храна, рече Христов.

Во рамки на настанот како што додаде беше презентирана публикацијата ,,Прехрана на растенијата во склад со природата”.

-Очекувам дека оваа публикација ќе придонесе да ги намали трошоците на земјоделците за купување на средства за заштита и прехрана на растенијата, бидејки сите средства се прават од природни ресурси кои се на дофат на природата, додаде Христов.

Во наредниот период како што додаде ќе биде подготвена платформа која ќе има за цел да ги обедини сите производители на зелени имоти со перма култура, на која си поддршка на експертот Билјана Бановиќ, ќе се презентираат и надоградуваат знаењата од оваа област.

Проектот започна да се имплементира од месец јули 2023 година, а официјално ќе заврши во февруари 2024 година.

Партнери во проектот се ЈКП ,,Брегалница” и Средното општинско училиште ,,Методи Митевски – Брицо” чии ученици кои учествуваа на сите седум обуки денес добија сертификати.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*