РК ,,Делчево” ќе настапи на силен Меѓународен турнир во Нови Сад

Се работи со полн капацитет на подготовките на РК Делчево кои се одржуваат во спортската сала при ООУ Ванчо Прке, атмосферата е позитивна и мотивирачка, информираат од клубот.

Од 16 02. до 18.02. 2024 година клубот го очекува меѓународниот младински турнир “ТРОФЕЈ ГРАДА НОВОГ САДА” кој ќе се одржи во Нови САД, Република Србија, каде нашиот клуб ќе земе учество по втор пат.

На овој престижен меѓународен турнир учествуваат екипи од сите поранешни ју републики и е единствена можност за одлични подготовки за продолжението на пролетниот дел од кадетската и пионерската лига каде нашите екипи се борат за висок пласман во соодветните категории.

Напред РК Делчево!

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*