Поради повторно оштетување на мостот се вози по една лента на магистралата А3 кај с.Очипала!

Поради оштетувања на мост, а заради зголемена безбедност во сообраќајот, едната лента од магистралата А3 од патот Делчево – М.Каменица кај с.Очипала повторно е затворена, информираат од подружницата на Македонија Пат во Делчево.

Одлуката за повторното затворање на едната лента како што додаваат оттаму е донесена со решение на Државен инспектор за патишта.

За таа цел упатија известуваање до возачите да ја почотуваат поставената сообраќајна сигнализација на споменатата делница од овој патен правец. 

Мостот на магистралата А3 кај с.Очипала беше оштетен од поплавите минатото лето. Дел од истиот беше саниран, но поради оштетувањата за целосна санација на истиот ќе биде спроведена сеопфатна анализа за причините за оштетувањето и можните решенија за трајно решавање на овој проблем.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*