Фото: Сточар од с.Град соопшти радосна вест за нешто што се случува во селото по 30 години!

Марјан Стојовски од делчевското село Град е еден од ретките кој одгледува повеќе грла добиток и е задоволен од подрршката која им се дава на сточарите. Покрај крупен добиток одгледува и млади јунци како и млади цицалчиња.

-Имам околу 17 молзни крави и 38 телиња. Вршам и товење на јунци имам околу десетина со тежина од 300 кила и неколку цицалчиња на млеко што ги појам. Млекото што го произведуваме го даваме на млекара, а во моментот како што може да видите обезбедуваме храна за прехрана на стоката. Малку е напорно ама мора да се работи. Цената на млекото за мене е добра, 30 денари го плаќаат луѓето редовно, од државата субвенциите ги пуштаат редовно, ако така продолжат ќе работиме, нема каде да одиме, истакна Стојовски во својата изјава пред неколку месеци.

Тој денес не информираше за една убава вест за него и неговото семејство која се случила во шталата каде освен говеда чува и коњи. Во шталата се роди младо кое е мелез од кобила и магаре , нешто кое како што вели се нема случено во селото долги 30 години, а радоста ја сподели на социјалните мрежи.

Село Град е село во кое освен Стојовски со сточарство се занимаваат уште десетина семејства, за разлика од пред 20 и повеќе години кога домашни животни одгледувале речиси секое трето семејство.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*