Пехчевската библиотека „Кочо Рацин“ организираше поетско читање „Поезија и музика на едно место”

Во организација на Општинска установа- Матична библиотека” Кочо Рацин” се одржа поетско читање наречено ” Поезија и музика на едно место”. За музичкиот дел беше задолжен професорот по музичко м-р Драган Колевски,а за поетскиот дел беа задолжени учениците од основното и средното образование,студентите и возрасните читатели- подржувачи на активностите на библиотеката ” Кочо Рацин”.

Акцентот се стави на поезијата на роднокрајните автори од Пехчево и Малешевијата како што се Габриела Костадинова,Ивана Поповска-Танев,Драгица Лазаровска,Јован Тасевски,Марија Павлевска Галабовска,Јован Мазгански родум од Владимирово,а живее во Скопје и Спиридон Митевски родум од с. Панчарево,а живее во Делчево. Но,се читаше поезија и од Соња Манасиевска- Конеска, Љиљана Атанасова,Јасмина Јошевска,Светлана Далевска Босилковска,Мирослава Бадаревска,Десанка Николова, Катерина Алексовска Наумовска, Моника Стојановска, Марина Мијаковска кои пишуваат поезија за деца,но и за возрасни.

Вечерта помина во пријатна и опуштена атмосфера со мала закуска приготвена од вредните раце на тимот библиотекарки.

За повеќе фотографии кликнете на фотографијата подолу:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*