ЈЛБ „Илинден“ ги награди читателите кои донираат стара литература

Во Делчево се поголем бројот на граѓани кои донираат стара литература за потребите на Јавната локална библиотека „Илинден“ од Делчево. Меѓу донаторите како што информираа од библитеката се иселеници по потекло од Делчево, но и граѓани од повеќе градови во Македонија. За таа цел тие денес добија јавна благодарност од библиотеката, поткрепена со благодарници и подарок книга.

-Благодарност со сите граѓани, наши иселеници, дел од Скопје но и наши сограѓани, кои минататаа година донираа стари книги во ЈЛБ „Илинден“-Делчево. Донациите се состојат во литература за возрасни но и детската литератутра, како и поголем број на наслови на англиски јазик. Благодарност до сите нив за кои ЈЛБ „Илинден“ – Делчево обезбеди скромни подароци. Им благодариме од срце што го збогатија книжниот фонд на библиотеката. Некои од насловите е тешко денес да се најдат, или кај нас воопшто ги нема, истакна директорката на библиотеката Биљана Петровска.

Апелираа и до останатите граѓани кои имаат литература која не ја користат да се придружат на оваа иницијатива.

-Ова нека биде апел до сите граѓани, до колку имаат книги кои им зафаќаат простор, не им се потребни, да не ги фрлаат или уништуваат туку да ги донесат во библиотеката. Тука секоја книга ќе си најде свој читател. И повторно ќе потенцираме, ни една книга не заслужува да биде фрлена, изгорена, уништена, додадe Петровска.

Оттаму воедно информирааа дека со почетокот на второт полугодие установата располага со сите лектирни изданија, кои во секое време можат да ги побараат во просториите на библиотеката.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*