Како панчаревци порано произведувале катран и за што им служел !

Во пехчевското село Панчарево порано катран се произведувал од борина. За добивање на катран според сведоштвата на Цветанка Стојанова но и многу други панчаревци, се правеле фурни кои во земјата се ределе во вид на куполи од ситни борови дрвциња, кои потоа се покривале со земја, се запалувале неколку дена (обично 3 до 4 дена) по што смолата се претворала во катран.

Катранот се употребувал за подмачкување на дрвени коли во тоа време влечени со волови.

Со катранот се мачкале луѓето на оние места каде имале реума. На некој начин тоа биле мали фабрики за производство на катран, вели Стојанова во своето сведоштво во групата посветена на с.Панчарево.

И додека го пишувавме текстот добивме видео во кое може да се види техниката на правење боров катран. Иако помалку од некогаш, сепак како што вели Горанчо Трајковски ваквиот начин на производство на катран се уште се практикува, иако во помал обем.

На видеото подолу кое ни го прати Трајковски може да се види како во Панчарево се произведува катран од борина:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*