Планинарска маршрута по повод 10 години ПСК ,,Голак”

По повод 10 години постоење, денес Планинарски спортски клуб ,,Голак” Делчево на симболичен начин (неколку членови на клубот) реализираа лесна планинарска акција по падините на планината Голак, поточно во атарот на село Бигла.

-Се движевме по оваа патека заради безбедносни причини, односно поради ловната сезона која се уште трае, каде има голем број на ловџии. Патеката беше со следната маршута:

-Раскрсница 729 м.н.в. – Противтенковски пирамиди 724 м.н.в. – Жандармерија – Шумско 673 м.н.в. – Кржовска Маала 745 м.н.в. – Средна Маала 779 м.н.в. – Раскрсница 729 м.н.в. во вкупна должина од 8.3 км.
Попатно ја посетивме куќата на дедо МИТКО (ДИМИТАР) СТАНОЕВСКИ-ОРОВОДЕЦО на орото КОПАЧКАТА кое е влезено во УНЕСКО,во БЕЛЧАНСКА МААЛА во село ДРАМЧЕ, сместена на падините на планината ГОЛАК, истакна претседателот на клубот Љупчо Чучуковски.

Планинарите попатно го посетиле некогашното основно училиште ЈАНЕ САНДАНСКИ, кое од 2008 година е затворено.

-Имавме преубав пречек од нашите пријатели,домаќините СЛОБОДАНКА и ЗДРАВКО ПАВЛОВСКИ од КРЖОВСКА МААЛА во село БИГЛА,каде не послужија со самошто изваден домашен топол леб печен во фурна на дрва,домашен Ајвар,Лутеница,Чај,Сливова домашна ракија,домашно месо………Големо задоволство ни беше што ни се придружи најстариот домаќин 80-годишниот ДЕДО БЛАЖО,со кои имавме прекрасен разговор.
Село БИГЛА со голема историска важност посебно во двете СВЕТСКИ ВОЈНИ, додаде Чучуковски.

За планинарите ова бил еден преубаво поминат ден низ живописниот предел на планината ГОЛАК,во атарот на селата БИГЛА и ДРАМЧЕ,со максимално позитивни планинари и домаќини (Општина ДЕЛЧЕВО – Област ПИЈАНЕЦ (ДЕЛЧЕВСКА).

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*