Се доуредува манастирот Св.Георги во с.Вирче

Во делчевското село Вирче финишираат активностите за уредување на манастирот Св.Георги. На иницијатива на иселеникот Венци Ангеловски денес се работеше на доизградба на тремот кој се наоѓа покрај самиот храм, по што ќе следува и негово покривање. Целта како што информираа учесниците во денешната акција е жителите да бидат подготвени за одбележувањето на празникот Ѓурѓовден, кој секоја година го слават кај месноста Ѓурѓов Даб каде се наоѓа самиот манастир.

-Сега се наоѓаме кај месноста Ѓурѓов Даб и манастирот Св.Георги каде градиме трпезарија. Здружени сме сите од селото со помагатели од Австралија, Америка сите донираат. Претходно направивме кај црквата Св.Никола во селото, направивме сега и овде на манстирот. Главен иницијатор е Венци Ангеловски, тој има своја група, ние му дозволивме го поддржуваме сите, заеднички работиме и ќе успееме, вели мајстор Ефрем, еден од денешните учесници во акцијата.

Според младиот Васко Панчовски последните две години ваквите акции наидуваат на добра организирсност од страна на селаните, а самиот трем како што додаде ќе биде од полза за цело село и други луѓе од Општината кои ќе го посетуваат манастирот за празникот.

Еден од постарите учесници во денешната акција досава дека иако поголем дел од младите се иселени летно време се враќаат во родниот крај и го заживуваат селото.

За доградба на храмот Св.Георги на жителите ќе им биде потребна помошта од спонзори, се со цел потоа тремот и внатрешно да се уреди заради што апелираа на помош од локалните фирми.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*