Видео: Средба за вмрежување на граѓанските организации за поефикасни услуги кон граѓаните

Граѓанските организации од Делчево денес на заедничка средба ги сумираа резултатите од сработеното во 2023 година, ставајки главен акцент на нивно вмрежување се со цел овозможување поефикасни услуги кон граѓаните. Како дел од деветмесечната соработка во изминатиот период како што информираше координаторот Зоран Биковски забележани се видливи резултати со поднесени повеќе од 110 претставки до институции од страна на Граѓанските организации.

-Како најзначаен проект кој се реализираше во соработка со Граѓанските организации ќе го споменеме проектот ,,Иснпекторатите о служба на граѓаните” во чии рамки спроведени се три обуки за тоа како функционираат инспекторатите. Една од обуките беше за тоа како граѓанските организациите да поднесуваат претставки и жалби до институциите и улогата на бесплатна правна помош. Притоа креирани се повеќе видеа преку кои инспекторите одговараат на прашањата на граѓаните, а зголемена е транспарентноста и отчетноста на институциите, рече Биковски.

Во таа насока како што додаде посочени се конкретни чекори и предлози како да се унапредиме меѓусебната соработка во периодот кој следи, а повторени се и препораките кои произлегоа од последниот реализиран проект.

-Како што напоменавме и на последната средба изминатиот четврток, многу е важно да имаме раководител на одделение за инспекциски надзор, да функционира веб страна на локалната самоуправа за пријавување проблеми, инспекторите да постапуваат за 15 дена и одговорите да бидат прецизни. Со тоа на еден начин пораката е сите да бидеме чинители во градењето на демократските процеси во О.Делчево, додаде Биковски.

Според него единствено со задоволство кај граѓаните ќе се создаде да амбиент младите да веруваат дека ова е местото и средината во која треба да творат и дека инспекторатите, службите и институциите постојат за нив и сервис на самите граѓани.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*