ЈЛБ ,,Илинден”: Голем интерес за натпреварот по рецитација

Голем е интересот за натпреварот по рецитација, што ни покажува дека организирањето на овој натпревар има повеќе од оправдани причини.
Пријавувањето заврши и ќе се натпреваруваат вкупно 35 ученици од VII, VIII и IX одделение од двете основни училишта во градот.
Ученици БРАВО! Благодарност и до наставниците по македонски јазик од ООУ„Св.Климент Охридски“ и ООУ„Ванчо Прке“, за одличната соработка.
Натпреварот ќе се одржи на 5 февруари со почеток во 12 часот во читалната на библиотеката.
Комисијата за избор во состав Маријана Стоименовска – наставни по македонски јазик во ООУ„Ванчо Прке“ и Валентина Даневска – наставник по македонски јазик и библиотекар во ООУ„Св.Климент Охридски“ ќе изберат три најдобри, односно ќе изберат прво, второ и трето место.
Рецитатори СРЕЌНО! 💙❤️

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*