Доделени нови средства за продолжување на реконструкцијата на Спомен дом АСНОМ

Градоначалникот Горан Трајковски денеска го потпиша Договорот со министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска за нови инвестиции и продолжување на реконструкцијата на Спомен-сомот АСНОМ. Станува збор за реализација на втората фаза од проектот за реконструкција на Спомен-дом АСНОМ кој се однесува на Реконструкција на дел од Спомен- дом АСНОМ: замена на надворешна столарија и изведба на термоизолациона фасада за зголемување на ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ.

Финансиската поддршка од Министерството за култура изнесува 2,45 милиони денари и со нив ќе се реализира замена на надворешна столарија и изведба на термоизолациона фасада за зголемување на ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ.

Во своето обраќање на настанот организиран во Владата на РСМ, градоначалникот Трајковски истакна дека по успешната реализација на проектот од минатата година, за реконструкција на фоајето и малата сала од Спомен-домот АСНОМ, Делчево и Минситертсвото за култура продолжуваат со нови инвестиции.

– Успешната реализација на овој проект, ни дава за право и нè обврзува да продолжиме со втората фаза од неговата реализација чија крајна цел е објектот Спомен –дом АСНОМ, кој е белег на градот Делчево, а со самото архитектонско решение и инвестициите, да го етаблираме како објект -културно наследство. Во проектот кој е продолжение на проектот од минатата година, се посветуваме на реконструкцијата на дел од Спомен- дом АСНОМ: замена на надворешна столарија и изведба на термоизолациона фасада за зголемување на ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ што значи намалени трошоци за загревање, но и современ урбан изглед на објектот кој од неговата изградба на почетокот на 80-тите години, прв пат, се преземаат мерки за санација, реконструкција и осовременување, посочи Трајковски.

Трајковски изрази огромна благодарност до министерката Костадиновска- Стојчевска и Министерството за култура што ја препознаа потребата за граѓаните на Делчево и што овозможија со значителни средства да ја поддржат оваа инвестиција која го враќа сјајот на култното место за културата на Делчево, Спомен-домот АСНОМ.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*