Крводарителска акција со граѓанството денес во Делчево

Вупно 64 крводарители денес даруваа крв во рамки на февруарската крводарителска акција во Делчево

Најголем дел од нив беа редовни крводарители, иако мажите крводарители беа побројни, сепак изразит беше бројот и на редовни крводарителки, меѓу нив и претседателката на Општинската организација на Црвен Крст, Билјана Георгиевска.

Во рамки на акцијата која ја организираше Општинската организација на Црвен Крст во соработка со Републичкиот завод за трансфуизологија од Скопје, солидна беше бројката и на млади лица кои даруваа крв, како и оние кои за прв пат решија да ја испружат раката и да спасат човечки живот.

Во досегашните две акции од почетокот на годината делчевчани подарија 160 крвни единици

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*