Оштетена дилатацијата на мостот кај месноста Потпорен Ѕид на магистралата А3

Од наши читатели денес телефонски добивме прашање дали мостот на магистралата А3 кај месноста Потпорен Ѕид кој е дел од патот Делчево – М.Каменица е безбеден за сообраќај за што приложија фотографии од самиот мост.

На нивното прашање одговор побаравме од подружницата на Македонија Пат, од каде информираа дека мостот е безбеден, со тоа што има оштетување на дилатацијата на самиот мост.

За решавање на проблемот како што додадоа оттаму откако ќе биде избран изведувач ќе биде изработена нова, напоменувајки уште еднаш дека мостот е безбеден за сообраќај.

Инаку во моментот сообраќајот во близина на мостот кај месноста Црквенска река во с.Очипала и понатаму се одвива по една лента.

Како што тогаш не известија од самата подружница поради оштетување на мостотз ќе биде извршена детална анализа, по што ќе се пристапи кон негова санација.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*