Изложени дела посветени на великанот Гоце Делчев во холот на ЈЛБ ,,Илинден”

Во чест на Великанот…

По повод одбележувањето на 152 години од раѓањето на Гоце Делчев, ЈЛБ„Илинден“-Делчево, утрово во холот на библиотеката изложи неколку дела кои зборуваат за Великанот Гоце Делчев и неговиот живот и дело.

Сите наши читатели кои ја посетуваат библиотеката ќе имаат можност да ги разгледаат и да прочитаат дел од овие книги.
Гоце Делчев (1872 – 1903) е еден од најголемите револуционери во историјата на македонскиот народ, еден од водачите на Тајната Македонско – Одринска Револуционерна Организација (ТМОРО), подоцна на Рилскиот конгрес 1905 преименувана во Внатрешна Македонско – Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО) ЕДИНСТВЕНИОТ КОЈ ИМАЛ ЈАСНА СВЕСТ, ЗНАЕЛ И ШИРЕЛ ДЕКА САМО МАКЕДОНЦИТЕ МОЖАТ ДА СИ ПОМОГНАТ ЗА ДА ЈА ОСЛОБОДАТ МАКЕДОНИЈА.
Еве дел од Гоцевите милси:

  • „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“
  • „Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа, отколку во Македонија?“
  • „Јас не сакам востание со луѓе што ќе ме напуштат при првиот неуспех; јас сакам револуција со граѓани кадарни да ги понесат сите искушенија на една долготрајна борба, каква, поради жестоките политички услови, ќе биде и нашата; – или ќе водиме говеда на касапница.“
  • „Браво, јуначе, дојди да ти ја стиснам раката и да те поздравам, такви и се потребни на мајка Македонија.“

„Ние се бориме за слободна и независна Македонија со широки права на сиромашното население.“, се вели во објавата на ЈЛБ ,,Илинден” Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*