Кај три нови деца од градинката во Берово откриено присуство на салмонела

Уште кај три деца од Берово, кои биле згрижени во градинката „23 Август”, Центарот за јавно здравје од Кочани попладнево потврди дека е откриено присуство на бактеријата салмонела.

Со новооткриените случаи вкупно 5 дечиња е билансот на заболени деца згрижени во градинката, додека земени се мостри со брис од деца и од други лица.

По дополнителни анализи во текот на утрешниот ден ќе бидат соопштени конечните резултати кои ќе го дадат одговорот дали бактеријата потекнува од градинката или жариштето е на друго место.

Епидемиолог од Центарот за Јавно здравје заедно со санитарен инспектор направиле комбиниран инспекциски надзор од неколку локации и лица во Берово, од кои биле земени мостри, а за кои е направено лабораториско испитување.

Од детската градинка писмено се известени до родителите да не ги носат децата во институцијата ако забележат промени во нивната здравствена состојба, како и да се консултираат со матичен лекар.

Пред два дена здравствените институции беа известени дека повеќе деца имале здравствени проблеми со симптоми на труење.

Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски најави дека за случајот ќе се расправа на Седницата на совет закажана за идната среда.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*