Нова веб платформа за заедничка соработка на младите од регионот

Во рамки на проектот „ Beyond borders – uniting for change“ кој РЦЗ го спроведува од октомври 2023 година финансиран од Американската Амбасада во Скопје изработена е веб платформа преку која во текот на наредниот период ќе бидат достапни сите информации за настани, младински активности, работилници и секаков вид на акции за млади кои се случуваат во регионот, но и во прекуграничниот регион на соседна Бугарија.

Бидејќи целта на проектот е да се споделуваат знаења и искуства помеѓу младите од двете страни на границата оваа платформа ќе биде место кое ќе ги обединува сите информации поврзани со оваа соработка.

Токму младите кои се целни групи на овој проект ќе бидат тие кои ќе работат на збогатување на страницата со сите потребни информации.

РЦЗ е отворено за сите сугестии или информации кои би сакале да се најдат на оваа веб страница да ги испратите до нас на мејл rczdelcevo@gmail.com.

Линк до страницата – https://beyondborders.mk/

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*