Домашните производи најбарани на Градскиот пазар во Делчево

Зголемена понуда на домашни производи на градскиот пазар во Делчево. Еден од препознатливите такви производи кои делчевчани, но и гостите намерници секоја сабота можат да ги побараат на пазарот е домашниот кашкавал на производителот Панче од делчевското село Вирче.

Со своја тезга над 26 години е присутен меѓу купувачите, за кои вели дека досега не се пожалиле на квалитетот на неговото сирење и кашкавал. 

-Ова е нешто меѓу кашкавал и сирење, производот е кравји, го произведувам во село Вирче, побарувачка има бидејки цената е привлечна 350 денари за килограм. Околу 26 години сме веќе на тезга не сме од вчера и мислам дека тоа луѓето го препознаваат, вели Панче.

Квалитетот на делчевскиот производител го препозна и Белгиецот, Марк Де Јонг кој денес го посети пазарот и меѓу бројните производи го препорача кашкавалот на делчевскиот производител.

-Одлично само што влегувам на пазарот и право налетав на кашкавалот. Многу добар вкус, ќе пробам и други вкусови денес затоа сум тука со ваши пријатели во рамки на мојата емисија Авантурите на Марк да ги прикажеме домашните производи кои потекнуваат од овој крај, вели Де Јонг кој не го одмина и домашното вино произведено во с.Драмче, кое беше меѓу понудата на пазарот во Делчево.

За самите посетители и пазарџии денес беше студен ден, па дел од нив не се појавија. Оние кои беа овде, не беа одминати од посетителите од Бугарија, кои иако во помала бројка повторно беа тука.

– Дојдовме по некои основни намирници, ќе купиме домашно вино гледаме овде има на оваа тезга, ќе имаме ручек во некоја од кафеаните и тоа е, вели семејство од Благоевград.

Делчевчани како и секој пазарен ден во сабота и денес се снабдија со раноградинарски производи, но поради студеното време побарувачката беше помала.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*