Бројката на откриени случаи со салмонела во градинката во Берово се искачи на 11 деца

Уште шест нови случаи со присуство на бактеријата салмонела, денес се потврдени кај дечиња од Берово истакнаа од Центарот за Јавно здравје во Кочани.

-Денес поточно утринава се потврдени уште шест лица со присуство на бактеријата салмонела.Од пристигнатите мостри испитувањата покажаа дека бактеријата е присутна кај овие лица, со што вкупниот број се искачи на 11 лица – истакна директорот Гоце Серафимов.

Инаку претходно првичните резултатите од анализите на кочанскиот Центар за јавно здравје (ЦЈЗ) покажаа дека нема салмонела кај вработените и на површините во беровската детска градинка „23 Август“.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*