Заврши натпреварот по рецитација во ЈЛБ ,,Илинден” Делчево

Заврши натпреварот по рецитација, кој беше во организација на ЈЛБ„Илинден“ , заедно со двете основни училишта во градот, ООУ„Св.Климент Охридски“ и ООУ„Ванчо Прке“.
Се натпреваруваа вкупно 36 ученици од VII, VIII и IX одделение, кои имаа можност да бираат која песна ќе ја рецитираат.Изборот беше меѓу “Кога ја љубев Дениција“од П.М.Андреевски, „Денови“ од Кочо Рацин и „Везилка“ од Блаже Коневски.

Комисијата за избор во состав Валентина Даневска- наставник по македонски јазик и библиотекар во ООУ„Св.Климент Охридски“ , Василка Ивановска- наставник по македонски јазик во ООУ„Ванчо Прке“, имаше тешка задача, затоа што сите ученици рецитираа прекрасно.Сепак мораше да се изберат најдобрите:

  • Трето место за Валерија Миладинова,ментор Василка Ивановска
  • Второ место за Сара Димитровска,ментор Билјана Стоиловска
  • Прво место за Марија Стоименовска,ментор Весна Иванова.

Честитки до наградените и честитки до сите натпреварувачи, сите беа одлични.
Библиотеката во најкраток рок, ќе организира натпревар по рецитација и за учениците од IV, V и VI одделение и се надеваме дека овој натпревар ќе прерасне во традиција, истакна директорката на библиотеката Биљана Петровска.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*