Нема салмонела во испитаната храна од детската градинка “23 Август” во Берово

Нема салмонела во храната земена од детската градинка „23 Август“ во Берово, покажаа денешните резултати од испитувањата во Центарот за Јавно здравје – Кочани. Од земените мостри од десет видови на храна од градинката, не е пронајдено присуство на бактеријата салмонела изјавија од ЦЈЗ.

-И последната мостра со храна која што е анализирана, е негативна. Немаме потврдено салмонела ниту во храната, ниту на површините кои што се користени за храна, ниту кај вработените во кујната. Исто така денес немаме ниту позитивни случаи, а земени се мостри скоро од сета храна, поточно од десет видови храна во која не е пронајдено присуство на оваа бактерија – истакна Гоце Серафимов, директор на Центар за Јавно здравје во Кочани.

Иако од анализите на здобиените лица со салмонела потврдуваат дека заедничка точка им е детската градинка во Берово, од Центарот за Јавно здравје по дадените препораки за дезинфекција и поголема хигиена во градинката, додадоа дека активностите во следниот период ќе зависат од епидемиологот кој ја води оваа ситуација и имаат своја постапка која ја води по закон.

-Сега имаме 11 случаи каде што епидемиологот има анкети и свое анкетирање и врз оснава на тоа ќе преземат свои активности. Ние во принцип дадовме препораки, иако нели заедничка точка е градинката, за дезинфекција и поголема хигиена во самата градинка, со цел да се намали можноста да нешто иако биде пропуштено, да се случи повторно – додаде директорот Серафимов.

Инаку претходно по добиените резултати за присуство на салмонела кај дечиња во Берово, инспекциски служби излегоа на терен во детската градинка „23 Август“, а кујната во градинката беше затворена. Со вчерашните шест позитивни лица на оваа бактерија, вкупниот број се искачи на 11 лица, за кои сеуште не се знае изворот од каде ја добиле оваа бактерија.

Одговорот од каде дечињата во Берово биле затруени со салмонела, се очекува во следниот период.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*