Адријана Илиевска Велковски за Поглед: Нов клинички центар во Штип е од пресудно значење за пациентите од помалите градови во источна Македонија!

Доктор Адријана Илиевска Велковски е дипломиран Специјалист по радиологија која во интервју за порталот Поглед мк одговори на повеќе прашања од областа на медицината.

-Желбата за радиологијата некако постепено ми се наметна после 7 години работа како доктор во Итната Медицинска Помош , каде јасно и евидентно се потврди дека навременета и точна дијагностика е од пресудно значење за понатамошниот тек на лекување и успехот на истото, каде во многу случаи истата за жал беше непостоечка. Радиологијата е очите на медицината, медицинска гранка која во последната деценија се наметна како неопходна и најбитна гранка во дијагностиката и од круцијално значење е инвестирање и унапредување на истата, вели Илиевска Велковски за Поглед.мк

Таа веќе 3 години е радиолог во ЈЗУ Гоце Делчев -Делчево каде работи на нативни графии, ехо на абдомен и кабинет за дојка.

Целото интервју со доктор Адријана Илиевска – Велковски за порталот Поглед.мк може да го погледнете со клик на фотографијата подолу:

Инаку делчевскиот радиолог пред два месеци учествуваше на трибината: Зошто ни се потребни превентивните прегледи и улогата на менталното здравје. Нејзиното излагање може да го погледнете во видеото подолу:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*