Видео: Кулинарско-музички перформанс во Пехчево

Во преполниот хол во гимназијата ” Ацо Русковски” во Пехчево се одржа настан наречен ” Кулинарско – музички перформанс” во организација на Општинска установа- Матична библиотека ” Кочо Рацин” и Организацијата на жените на Пехчево со многу интересни содржини.

-За кулинарскиот дел беа задолжени вредните домаќинки и тоа: Снежана Каракашова, Пацка Рунтевска, Светлана Јангелова, Оливера Кратевска, Виолета Ризовска, Павлина Цековска, Љупка Андоновска, Зорка Стаменковска, Зорка Станковска, Весна Мицевска, Силвана Крамарска, Рената Близнаковска, Нада Симовска Јасмина Цековска Менче Веселинска, Ленка Колевска Фимка Капушевска и Габриела Костадинова.

За музичкиот дел беа задолжени професорот по музичко Драган Колевски, Пензионерскиот хор ” Малешевска китка” и младите,талентирани гитаристи Момир Ѓорѓиевски, Димитар Андоновски, Јана Тодоровска и Бојана Ѓузелова.

Во знак на благодарност директорката на библиотеката г- ѓа Костадинова им додели благодарници на сите учесници.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*