Во Делчево презентирани резулатите од проектот ,,Силни организации за одржлив локален развој”

Во рамки на проектот силни организации за одржлив локален развој, Регионалниот центар за застапување Делчево денес ги презентираше проектните резултати од неговата 8 месечна имплементација. Проектниот координатор Родна Деолска зборуваше за значењето на граѓанскиот сектор во развојот на локалната заедница како клучна цел на овој проект.

-Граѓанските организации се огледало на граѓанските потреби и проблеми. Граѓаните треба да знаат дека преку нив имаат можност да споделат барања, проблеми, потреби, а организациите треба да се тука да ги застапуваат и да помогнат во нивно решавање. Само на тој начин може да создаваме поквалитет живот за сите во заедницата, истакна Деолска потенцирајќи ги резултатите од спроведеното истражување во рамки на проектот според кои во моментот во Делчево има 17 активни граѓански организации кои работат во повеќе области, притоа опфаќајќи ги речиси сите велни групи.

Како клучен продукт од овој проект изработена е Стратегија за соработка на граѓанскиот сектор со општина Делчево за периодот 2024-2028 година како стратешки документ кој реално ги отсликува клучните области во кои граѓаните имаат потреба од најголем развој велат од РЦЗ и додаваат дека на целиот граѓански сектор овој документ ќе му биде основа за развој и соработка со локалните чинители во периодот кој следува.

Во рамки на истиот проект креирано е промотивно видео и снимени за два подкасти за подигање на јавната свест за вклучување на граѓаните во процесите на донесување одлуки на локално ниво.

Проектот е финансиран од Европската Унија преку програмата механизам за граѓанска отпорност.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*