Креативна работилница по повод Денот на виното и љубовта во Пехчево

Денеска во библиотеката се одржа креативна работилница по повод Св.Трифун’- празникот на лозарите,на виното и грозјето и Св. Валентин – празникот на љубовта со учениците од целодневната настава при ООУ” Ванчо Китанов” под менторство на наставничката Трајанка Беќарска.

Учениците имаа за задача на хамер да ги залепат елементите што асоцираат на двата празника,како што се срциња и гроздови.

За нивната креативност секое дете на крајот доби подарок од страна на директорката на библиотеката.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*