Во Пехчево концерт одржаа членовите на MASS Academy и Танцов клуб ,,Еуритмикс” од Делчево

Вечерва во Пехчево се одржа концерт со членовите на MASS Academy и Танцовиот клуб,, Еуритмикс” од Делчево.

Браво за сите учесници на концертот, браво за професорката Елена Ѓеоргиевска за прекрасниот концерт, истакнаа од Домот на култура ,,Јане Сандански” Пехчево.

Благодарност до публиката, до сите соработници, и деца кои вечерва беа со нас, кои им дадоа подршка на овие млади,талентирани музичари.

Тие вечерва покажаа како се свири, пее,и игра, со душа и срце. Покажаа како со труд, љубов кон музиката заедно со нивната професорка можат да направат концерт со кој можат да се гордеат. Нека бидат потик и мотивација за другите деца, бидејки талентот и дарбата е 2% другото е одговорност, упорност, работа, љубов кон тоа што го работиш. На крајот резултатот е видлив, браво Елена, браво деца.., додаде директорката Валентина Веселинска.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*