Фудбалери од ,,Брегалница” Делчево го засилуваат ОФК ,,Малеш”, ќе се брка влез во Втора лига

Општинскиот фудбалскиот клуб Малеш ангажираше тројца фудбалери од ФК ,,Брегалница” Делчево и двајца поранешни фудбалери на клубот од Делчево, како пролетни засилувања пред продолжението на сезоната во Третата фудбалска лига Исток во која беровци се натпреваруваат.

Бојан Петровски, Александар Илиев и Димитар Манасиев се наоѓаат на списокот на фудбалери кои ќе настапат за ОФК ,,Малеш” како слободни фудбалери, а друштво ќе им прават и Даниел Гоцевски долгогодишен член на ФК ,,Брегалница” Делчево, а во последните неколку години стандарден првотимец во второлигашот ,,Каменица Саса” како и Дарко Пешовски член на ГФК ,,Осогово”.

На списокот на фудбалери кои ќе го засилат тимот од Берово во атакот кон Втора лига се и следните нови фудбалери.

ОФК МАЛЕШ – Берово: Давид Мирчовски, Стеван Смилков, Ристе Лазаров и Валери Ангелов од ФК СЛОГА 1934, Виница, Мики Георгиевски и Даниел Гоцевски од ФК КАМЕНИЦА САСА, Македонска Каменица, Ненад Савев, Борче Ужевски и Дарко Пешовски од ГФК ОСОГОВО, – Кочани, Александар Илиев, Димитар Манасиев и Бојан Петровски од ФК, БРЕГАЛНИЦА-СЕНИОРИ – Делчево

Благодарност до Ѓоко Цонкински кој секогаш ги има најсвежите информации како еден од најверните навивачи на својот ОФК ,,Малеш”

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*