Лемпи и Влатко продолжуваат да ги освојуваат симпатиите на народот со Македонската изворна музика

Финкињата Лемпи и Македонецот Влатко Ристовски од Македонска Каменица и оваа сабота ги освоија симпатиите кај посетителите на градскиот пазар во Делчево.

Со нивната милозвучна изведба на неколкуте нови испеани изворни песни, направија предизвикаа позитивна атмосфера која никого од посетителите на пазарот не остави рамнодушен, па така голем број од нив направија заеднички фотографии со нив.

Останатите со радост оставија по некоја паричка за нивниот труд, додека трети како пејачот на изворни песни Спиро Трајаноски од село Панчарево им се придружија во изведбата на заедничките песни, придодавајки со тоа нов вид на музички аранжман, убав за уво.

Влатко, Лемпи ја запознал минатото лето во Маврово, а оттогаш се преселиле во каменичкото село Тодоровци, каде заедно музицираат и каде на својата другарка од Финска и ја всадува љубовта кон макеоднската изворна музика.

-Во село Тодоровци живееме таму можат да не најдат сите кои прашуваат за нас. Со Лемпи случајно се запознавме во Маврово и решивме заедно да ја негуваме Македонската изворна музика. Групата беше поголема, но некои заминаа на семинар, некои си заминаа, други дојдоа и така. Што се однесува до мојата желба за музика, таа уште како дете настана од дедо Моне од Оризари, кој ме научи да свирам, за да се вратиме кон нашето, кон изворното и исконското, вели Влатко кој на фејсбук може да го пронајдете како Влатко Ристовски – Штикла.

Лемпи која го владее англискиот јазик потврди дека со Влатко се запознале минатото лето и оттогаш неуморно работат на откривање на тајните на македонската изворна музика. За песните кои ги изведува вели дека ги учи онолку време колку што е долга лириката.

Денес ги изведоа познатите ,,Там дека има високи чардаци”, ,,Чифте чифте, пајтон лари” и многу други кои досега не ги слушнала публиката на Градскиот пазар.

Со Влатко и Лемпи е и нивното куче, заедно ветија дека наскоро нивната музика ќе можат да ја слушнат и на други пазари во Источна Македонија, а потоа и на западот од државата.

Во продолжение нивните изјави и неколку песни од нивниот репертоар:

Видео: Делчево365©️

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*