Девојките на РК ,,Делчево” го освоија ,,Трофеј града Новог Сада”

,,Дојдовме видовме освоивме”…!

Женската кадетска екипа на РК ,,Делчево” го освои трофејот на силниот Меѓународен турнир ,,Растимо – Трофеј Града Новог Сада” кој викендов одржа во Нови Сад, Р.Србија. Во финалето делчевки го победија домашниот тим на РК ,,Војводина” со резултат 18:19 (8:8).

-Денес во полуфиналето славевме над тимот на Зрињски од БиХ со 19:09. Во големото финале после тешка и макотрпна беспоштедна борба беше совладана одличната домашна ркипа на Војводина со еден гол разлика. Честитки на нашите кадетки кои заслужено го освоија трофејот, истакна тренерот на екипата Горан Велков.

Успехот како што додаде е уште поголем, ако се има предвид дека на истиот настапуваат најкавлитетните женски кадетски екипи од бившите ју простори. 

-На турнирот нашите ракометарки имаа што да научат и со тоа уште подобро да се подготват за предизвиците кои ги очекуваат во домашното првенство, додаде Велков.

Екипата од Делчево во наредниот период ги продолжува натпреварите во кафетска и пионерска конкуренција каде се наоѓа меѓу екипите кои според моменталната табела ќе обезбедат влез во разигрувањето за првото место.

Во продолжение видео од прославата на трофејот и фотографии од завршниот ден на Меѓународен турнир ,,Растимо” кој во изминатите три дена се одржа во Нови Сад, Р.Србија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*