Планинари на ПСК ,,Голак” ја искачија најниската планина во државата

Членови на Планинарски спортски клуб ,,Голак” ја искачија планината Богословец најниската планина во Македонија.

Како што информираше претседателот на ПСК Голак Делчево, Љупчо Чучуковски во искачувањето учествувале нивни членови планинари од Делчево, Виница како и од Софија (Р.Бугарија)

-Се искачивме на двата највисоки врва на планината Богословец, тоа се врвовите Свети Јовански Рид 755 м.н.в. и Тиски Врв 747 м.н.в. кои всушност се најниските врвови на сите планини во државата. Исто така го посетивме и природниот феномент Ѓаволски Ѕид, рече Чучуковски.

Планинарите како што додадоа беа поделени во две групи најпрвин искачувајки го врвот Свети Јовански Врв на 755 м.н.в. притоа движејки се по следната патека.

-Село Богословец 427 м.н.в. – Врв СВЕТИ ЈОВАНСКИ РИД 755 м.н.в. потоа едната група продолжи по следната патека : Од врв СВЕТИ ЈОВАНСКИ РИД 755 м.н.в. – Месност Излот Лук 230 м.н.в. – Месност Урвалиште 274 м.н.в. – Природен феномен Ѓаволски Ѕид 316 м.н.в. – Месност Страшиновец 550 м.н.в. – Село Богословец 427 м.н.в. додека другата група продолжи по следната патека : Месност Калиманец 620 м.н.в. – ТИСКИ ВРВ 747 м.н.в. – Село Богословец 427 м.н.в.

Патеката била кружна во вкупна должина од 12 км.и се наоѓа во атарот на село БОГОСЛОВЕЦ (Општина СВЕТИ НИКОЛЕ – Област ОВЧЕ ПОЛЕ).

Времето било сончево со температура од +17 Целзиусови степени, без ветар и добра видливост на целата ОВЧЕПОЛСКА ОКОЛИНА.

Еден преубаво поминат позитивен ден со максимално позитивни планинари, додадоа од ПСК ГОЛАК Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*