Планинарски марш по повод 80 години од Февруарскиот поход

По повод одбележувањето на 80 години од Февруарскиот поход, Општина Делчево организира пригодна свеченост на 23 февруари 2024 г. (петок) на планината Голак, а традиционалниот планинарски марш ќе се одржи на 25 февруари (недела) со почеток во 8,00ч.

Во рамките на одбележувањето ќе биде положено свежо цвеќе на спомен-плочата којa го чува споменот за успешно изведената воена операција на планината Голак, а преку реферат подготвен од членовите на КУД „Гоце Делчев“ ќе бидат изнесени историски факти за тактичката воена операција и нејзиното значење. За таа цел се повикуваат претставници на институциите, политички партии, здруженија на граѓани и заинтересирани граѓани да присуствуваат на настанот и да положат свежо цвеќе.

Тргнувањето за учесниците за настанот  в петок е во 11.00ч од пред Спомен-дом АСНОМ.

Пријавување за учество на планинарскиот марш е кај лицето Љупчо Чучуковски, претседател на ПСК „Голак“, на тел 070/605-137 или во Општина Делчево на тел. 033 411 550.

Тргнувањето за учесниците на планинарскиот марш в недела е планирано во 8.00 часот на 25.02.2024 година од пред Спомен-домот АСНОМ, а маршот ќе биде со следната маршрута: Делчево-Стар Расадник-манастирски комплекс „Св. Богородица Балаклија“-детско одмаралиште-шумска зграда. Патеката е долга 20 километри (во двата правци).

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*