Во Берово започнуваат ,,Работнички спортски игри 2024″

Денеска, во Салата Македонски Бранители, со почеток во 17:30 часот, започнува турнирот во мал фудбал, РСИ 2024 година.

Турнирот ќе го отвори Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, во 17:00 часот.

Организаторите ги замолуваат сите екипи, да бидат присутни на свеченото отворање на игрите, во 17: 00 часот.

ВАЖНО ЗА СИТЕ УЧЕСНИЦИ: потребно е да носат соодветна  опрема за во сала , како би ја сочувале салата, што е во заедничка корист, за сите што ја користат.

AПЕЛ КОН ПУБЛИКАТА:  да внимаваат, да не се уништуваат столчињата во салата  и да се одржува соодветно ниво на хигиена.

Во првото коло, кое ќе се одигра денеска, 20.02.2024  година (вторник), ќе се одиграат следниве натпревари:

17:30 ч. Општина Берово  –   Угостители

18:00 ч. Роми  –   АРСМ Гарнизон Штип

18:30 ч. Труд Социјала и суд –Треновски ДООЕЛ

19:00 ч. Шумско и пилани-ДИК Фагус

19:30 ч. МВР Полиција  -ДЕУТЗ ВИХ Двориште

20:00 ч. Приватни фирми-Образование

Почитувани спортисти, учесници во натпреварите и гледачи на турнирот , Општина Берово, како организатор на овие игри, Ви посакува добра, фер игра , да се дружиме, да се забавуваме, да го подигнеме спортскиот и натпреварувачки дух во градот, заеднички да уживаме и нека победат најдобрите.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*