Голем интерес за саемот на ,,Сакам книги” во Берово

Успешно реализиран еднодневниот саем на книги на издавачката куќа ,,Сакам книги”. Од библиотеката ,,Народна просвета” во чии простории се одржа саемот истакнаа дека голем бил интересот за новите, но и постарите наслови, со огромна посетеност од страна на читателите и успешна продажба.

Огромна благодарност до Дени и уште поголема до нашите драги читатели, без кои саемот немаше да има толку голема посетеност.

  • Книгите ја бришат прашината на душата од секојдневието на животот.

-Вљубените во книгата никогаш не си легнуваат во кревет сами!, се вели во објавата на беровската библиотека која работи во состав на Домот на културата ,,Димитар Беровски”.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*