Едукативна работилница по повод Светскиот ден на мајчиниот јазик во Пехчево

Денеска во библиотеката се одржа работилница со средношколците од II и IV година при СОУ ” Ацо Русковски”- Берово дисперзирани паралелки во Пехчево на тема: ” Мојот јазик- тоа сум јас” под менторство на професорката по македонски јазик Даниела Трнковска.

Учениците пишуваа пораки за јазикот на македонски, турски и ромски,но и преведуваа и зборови на англиски,германски,француски и шпански. Презентација за јазикот имаа ученичките Ева Тодоровска и Ивана Гошевска.

А Никола Тодоровски напиша песна за јазикот. Настанот се одржа по повод 21 Февруари- светскиот ден на мајчиниот јазик.

Свое обраќање имаше и директорката на библиотеката која даде осврт за значењето на светскиот ден на мајчиниот јазик.

Благодарност до средношколците и професорката Даниела Трнковска за соработката.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*