Во Делчево одбележан Светскиот ден на мајчиниот јазик

Јазикот е единствената наша татковина. Сѐ додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледаме јазикот наш македонски – ќе може да сметаме дека ја имаме и татковината. Како куќа, како дом, како огниште.“ Македонскиот јазик е наш мајчин јазик, јазикот на кој ги изговараме првите зборови, јазикот со кој растеме, учиме, се развиваме и јазикот со кој комуницираме со другите. Македонскиот јазик е јазикот на кој ги читаме сите прекрасни книги и преку кој го осознаваме светот и се спознаваме себеси.

Ова беше главната порака во рамки на денешното одбележување на Светскиот ден на мајчиниот јазик кој Јавната локална библиотека „Илинден“ – Делчево го одбележа заедно до третооделенците од ООУ „СВ.Климент Охридски” и ученици од повисоките одделенија од ООУ „Ванчо Прке“.

Огромна благодарност до сите дечиња кои денес се тука, благодарност до наставничките Васка Филиповска, Јулија Крстевска и Даниела Петровска, што ги подготвија децата за денешната кратка приредба во чест на меѓународниот ден на мајчиниот јазик.Благодарност и до наставниците по македонски јазик од ООУ „Ванчо Прке“, за добрата соработка, истакна директорката на библиотеката Биљана Петровска.

На почетокот од настанот ученици од ООУ ,,Ванчо Прке“ прочитаа неколку редови посветени на денешниот датум и неговото значење, а веднаш потоа учениците од трето одделение имаа своја приредба.

Кликнете 👆 за повеќе фотографии

Беше убаво, поучно, креативно, весело!
Македонскиот јазик е јазикот на кој твореле Петре М. Андреевски, Блаже Конески, Ацо Шопов, Анте Поповски, Гане Тодоровски, Матеја Матевски, Кочо Рацин и останатите македонски книжевни великани. Да не беше македонскиот јазик, никогаш немаше да ги имаме безвременските стихови и мисли кои ни се врежани во умот и срцето, додаде Петровска пред присутните родители.

Со пригодна програма подготвена од учениците, како и раководниот и наставниот кадар, Светскиот ден на Мајчиниот јазик беше одбележан и во ООУ ,,Ванчо Прке”.

Во продолжение погледнете го видеото од ООУ ,,Ванчо Прке”:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*