Иницијатива за ,,Гинко парк” во Делчево

В сабота во Делчево ќе се засадат првите гинко садници во рамки на иницијативата на семејството Давиткови.

-По повод 90-от роденден на нашиот татко Асен Давитков и во спомен на него, на градот Делчево му донираме садници од дрвото Gingko biloba, со што, во соработка со Општина Делчево и Комуналното претпријатие, започнува создавањето на „Гинко паркот” во градот, кој во иднина ќе биде прекрасно место за релаксација на граѓаните, се вели во поканата за првото засадување в сабота.

Со голема почит Ве покануваме да бидете дел од овој проект за заеднички да ги засадиме дрвата на долговечноста и да придонесеме за создавање на градско зеленило и зелени површини во нашиот град.

Вашето присуство на насатанот за нас и нашите семејства е голема чест, за што искрено се заблагодаруваме.

Со почит, Сузана и Лилјана Давиткови

Датум: 24.2.2024

Време: 11:30 часот

ГИНКО ПАРК – Градски парк на просторот пред салата кај градскиот стадион.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*