,,Да се постави Крст на планината Голак” – иницијатива на група граѓани

Иако иницијативата за сега е само формална, по примерот на повеќе македонски градови, група граѓани од Делчево на социјалните мрежи покренуваат иницијатива за поставување голем Крст на планината Голак.

Според најавите идејата е првично да се слушне мислењето на граѓаните за една таква иницијатива со поопширна дебата за оправданоста од такво нешто, а потоа доколку се наиде на одобрување, стручни лица да пристапат кон реализација на оваа идеја.

Крстот би се наоѓал над Детското одморалиште, односно на дел од планината со тоа што истиот ќе биде свртен кон градот Делчево.

Со цел развој на туризмот и посета на Крстот, изградбата на жичара од Делчево до Голак, по примерот на Водно во подоцнежна фаза би влијаел на зголемена посета на поголем број граѓани и туристи.

Иницијаторите се сигурни дека поставувањето на Крст на планината Голак ќе биде во интерес на самите граѓани, бидејки објект од ваков калибар нема во поблиските општини.

Засега единствениот Крст во Делчево се наоѓа во с.Стамер пред параклисот Св.Петар и Павле.

Што велите вие за таквата идеја?

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*