Осврт на Крум Николовски: Убиството во Полето – 33 години подоцна !?

Следува текст кој претставува осврт на Крум Николовски за убиството на 39 годишниот Павле Стојмирски од с Полето кое никогаш не беше расветлено. Во 1991 година за трагичниот настан тој објави свој текст во тогашниот Пијанечки Глас кој може да го прочитате подолу:

33 ГОДИНИ ПОДОЦНА

Рано утрото на 24.02.1991 година, во непосредна близина на тогашната '"Јуосуровина" беше пронајдено безживотното тело на 39-годишниот Павле Стојмирски од с. Полето.

Ден претходно( недела) бил виден од повеќе луѓе во Делчево, се интересирал за продажба на своите јагниња. Иако беше вработен во тогашниот “Технозавод” ,чуваше околу стотина овци.

Аутопсијата беше извршена од д-р Газепов од Штип. Во истата пишуваше дека има скршена нога и рака, како и разбиена тилна коска и истечена мозочна маса. Човекот душа испуштил во тешки маки. До ден денешен истрагата не е затворена. Убиецот или убијците никогаш не беа пронајдени,ниту имаше осомничени лица.

ТЕКСТОТ ЗА ПИЈАНЕЧКИ ГЛАС

Злосторство и казна ДЕВЕТ ГОДИНИ НЕПРЕБОЛ – Тажна приказна на Стојмир Стојмировски за се уште перасветлените околности околу убиството на неговиот син Павле од село Полето

Деновиве, поточно на 24 февруари 2000 год, се навршува 9 години од свиреното убиство на Павле Стојмировски од делчевското село Полето. По се изгледа дека засекогаш во Павлевиот гроб остана и вистината за неговото убиство. Ќе остане ли засекогаш тајна што вкупност се случуваше таа 24-та дожлива февруарска нок по сега веќе далечната 1991 година.

Тој неделен ден, тогаш 30 годишниот Павле од неговото родно село слегол пеш во градот да се распраша за продажбата на неговите јагниња, кои со голема љубов и одгледуваше и покрај тоа што беше вработен во тогаш општественото претпријатие “Технозавод”. На прв поглед едно “обично” убиство беше и остана завиткано во мистериозно контрадиктории информации.

Стручни медицински наод гласеше: Убиството-смртта настапила околу 18.30 часот. Од очевидец Павле беше виден половина час порано на стотина метри од местото каде утредента, рано в зори беше пронајдено безживотното тело. За истрагата “доволен доказ дека Павле е убиен на местото каде беше пронајден трупот! Тука на самиот влез во градот, пред тогашна “Југосуровина”. Но дали навистина убиството се случило тогаш и таму?! Десетина дена по трагичниот настан, очевидец кој му бил пријател на убиениот вели дека тој кај него бил кобната вечер нешто пред 19,30 часот, непосредно пред ТВ- Дневникот! Јавноста со право очекуваше истрагата да ги фати убијците, бидејки кругот на осомничените не беше голем, со оглед на начинот на кој живееше Стојмировски. Надлежните во ОВР Делчево велеа дека интензивно вршат истрага. Оттогаш поминаа девет години, се сменија дури тројца началници на ОВР. Превезот на времето покри се. Но за неговите најблиски остана голема грутка горчина во нивните души.

Да беа откриени убијците малку ќе ни олеснеше вели стариот чичко Стојмир татко на Павле. Којзае колку пати за време на тие девет години убијците правеле муабет со мене, можеби и дома доаѓале? Можеби сум ги пречекувал како гости! Сигурен сум дека се од нашето село, да ги фател, ке се дознаеше, можеби сам бил виновен. Можеби на почетокот било обочна кавга, потоа прераснала во тепачка, но завршила кобно. Можеби ке им простев, можеби не. До крајот на мојот живот и животот на мојата сопруга ќе остане вечниот пепробол за смртта на нашиот син, да беше барем од болест, од Богa, ajдe некако, ке речеш таква била судбината, а вака? Така кажува осумдесетгодишниот чичко Стојмир.

Ако појдете во малото село Полето и ја посетите куката на истотолку старата баба Славка ќе чуете една необична приказна за убиството на Павле. Таа раскажува една чудна случка што се случила во нивното маало на 24 февруари пред девет години! Дури баба Славка изнесува и свои “аргументи” со кој го “поткрепува” настанот. Содржината на нејзината приказна е мешавина меѓу сон и јаве, по вреди да биде проверена од луге стручни за такви случаеви.

Во нашиот крај не се така често случуваат убиства, а кога ќе се случи убиство, тоа претставува медиумски настан.

Нерасветленото убиство на Павле Стојмирски од пред 9 години “лежи на душа” на одговорните за истрага. Но не е само тоа. И пред околу 2 години во се уште наразјаснен случај животот трагично за загуби војник на АРМ од с.Бигла.

Народот вели: Подобро сто виновни на слобода отколку еден невин во затвор. Но, неказнетите за злорсторството ги охрабруваат потенцијалните сторители на криминал.

Крум Николовски

ПИЈАНЕЧКИ ГЛАС

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*