Започнува со работа Центарот за корисници на ЈКП ,,Брегалница” Делчево

Со цел подобрување на услугите кон граѓаните, од оваа сабота 02.03.2024 год, ќе започне со работа Центарот за корисници на ЈКП „Брегалница“ со седиште на новиот Градски пазар.

Центарот за корисници ќе биде отворен секоја сабота, со работно време 07:00- 15:00 часот.

Услуги кои граѓаните ќе можат да ги користат:

  • Плаќање сметка,
  • Пријавување состојба на водомер (со слика),
  • Вадење на копија од сметка за вода,
  • Барање за промена на водомер,
  • Пријавување на дефект и
  • Добивање инструкции за плаќање на сметка и пријавување на состојба on line (преку web страната на ЈКП „Брегалница“)

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*