Во Делчево започна втората модуларна обука за вмрежување на ГО од Источниот плански регион

Во Делчево се одржува втората модуларна обука за вмрежување на Граѓанските организации од Источниот-плански регион кој вклучува 12 општини. На денешната обука претставници на 11 граѓански организации од различни општини ги дефинираа насоките во меѓусебната соработка и вмрежување со цел внесување промени кои што ќе влијаат во развојот на социјалните услуги во регионален контекст.  

Александар Николов од здружението ,,Бравура Кооператива” кој е домаќин на дводневната обука истакна дека вмрежувањето на граѓанските организации  подрзабира регионална соработка и поддршка која може да мапира детектира, да презентира, а воедно имплементира мерки и активности со ранливите категории, или да иницира размена на услуги кои ќе бидат еднакво достапни за сите од таа Општина.

-Тоа подразбира дека доколку развиеме одредена услуга која е потребна во регионот која ќе може да се имплементира во Берово, Виница или било која Општина, а која што од економска оправданост е добро и идеално да прави поширок опфат и оптимизација на самите услуги. Тоа значи дека тие услуги ќе бидат еднакво достапни за целиот регион. За да ги поставиме јасно темелите на нашето вмрежување, за да знаеме што правиме што не очекува и на кој начин можеме рамноправно да се носиме во мрежата, денеска имаме и експерт кој ќе не води кон имплементирање на тие чекори, рече Николов.

Експертот Марио Вељковиќ кој на обуката ја има улогата за организациски и стратешкиот менаџмент на процесот ја поздрави иницијативата на здружување на силите и капацитетите на Граѓанските организации, за да се постигнат одредени цели, кои заеднички самите ќе ги утврдат.

-Навистина за поздравување е што Бравура Кооператива иницираше формирање на ваква мрежа, за да може во поголем обем и на поголема територија да се преземат мерки, кои што ќе овозможат социјална правда и социјална инклузија на дел од нашето општество. Ако зборуваме за тоа дека тие мрежи треба да се функционални,  постои начин како тоа да се да се направи, од аспект на дефинирање прво на одредени потреби. Секако потоа треба да се цели и кон креирање на одредени програми, како да се излезе во пресрет и да се задоволат тие потреби, односно практично се остварат целите на програмата, рече Вељковиќ.

Источниот-плански регион, како што посочи е една територија во која што, за да се постигнат резултати, потребно е сите локални градови и организации во тие градови да се вклучат и да дадат свој придонес.

-Притоа неминовно е да се мапираат одредените потреби и проблеми, да се направат соодветни програми и методолошки пристапи. Исто така и да се одговори на оваа потреба, сметајќи и земајќи го предвид времето во кое што живееме, каде што степенот на економскиот развој и светските кризи имаат силно влијание и на буџетот и на нашата држава. Иако е тежок збор на крај и граѓаните мораат нешто да направат, не можеме да очекуваме некој друг од страната да ги решава проблемите и потребите, додаде Вељковиќ.

Тој очекува после овој циклус на работилници да се создаде функционална мрежа, која навистина ќе сака да направи промена.

Проектот е поддржан со оперативен грант на регионалниот проект СМАРТ Балкан – Граѓанско ооштество за поврзан Западен Балкан, финансиски поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*