Кошаркарките на ,,Патриот 2016″ (М-14) славеа во Македонска Каменица

Со убедлива победа 29-62 против врсничките од Баскет Кам, кошаркарките на Патриот 2016 од Делчево од М-14 конкуренција ја забележаа 8-та победа од исто толку одиграни натпревари.

Се навестува ли шампионска титула е прашање, кое само по себе се наметнува, а доколку вака продолжат девојчињата од Делчево, тешко ќе биде некој да ги запре во нивниот поход кон шампионскиот пехар во М-14.

На натпреварот во М.Каменица сите кошаркарки го дадоа својот придонес, а како најдобар поединец тренерот Љупчо Петровски ја издвои Сара Атанасовска но секако потенцираше дека победата е круна на добрата заедничка игра на целиот тим.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*