Делчевката Мира Симоновски со нов подвиг, на 74 години го искачи Ухуру, 5895 метри високиот врв на Климанџаро

Делчевскиот планинар Мира Симоновски на свои 74 години го искачи врвот Ухуру кој се наоѓа на Килиманџаро, највисокиот планински масив во Африка. 

Симоновски е дел од експедицијата на Клубот за планински спортови АЗОТ кој деновиве организираше високогорска акција по Килиманџаро.

-Мира Симоновски, 74 годишен планинар од Делчево се искачи на покривот на Африка, освојувајки го врвот Ухуру на 5895 метри надморска височина. Секоја чест за Симоновски, се вели во честитката од КПС АЗОТ. 

Ова е втор врв кој Мира Симоновски го има искачено по навлегувањето од осмата деценија од својот живот. Претходно во 2020 година, делчевскиот планинар со наполнети 70 години ја достигна висината од 5137 метри на врвот Арарат

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*