Одржан планинарскиот марш по повод 80 години од Февруарскиот поход

Денес членови на ПСК ,,Голак” Делчево од Делчево и М.Каменица го реализираа планинарскиот марш во организација на Општина Делчево по повод 80 години од Февруарскиот поход на планината Голак, каде партизанските единици воделе тешки борби против фашистичкиот окупатор, информираше претседателот на ПСК ,,Голак”, Љупчо Чучуковски.

Планинарскиот марш се одвиваше по следната маршута : Град Делчево 595 м.н.в. – Населба 3 Реон 620 м.н.в. – Трајанов Рид 740 м.н.в. – Долна Богданица 920 м.н.в. – Стари Голак 1300 м.н.в. – Спомен плоча на Здравечка Чука 1410 м.н.в. во вкупна должина од 9 километри во еден правец (средно тешка планинарска патека со 815 метри висинска разлика). Враќањето беше со организиран превоз обезбеден од општина Делчево, информираше претседателот на ПСК ,,Голак” Делчево.

Пред спомен плочата планинарите одадоа почит на паднатите борц, а кко и секогаш така и сега додаде Чучуковски движечка сила биле младинците од младинската секција при ПСК ,,Голак” Делчево.

-И денес тие беа предводени од Искра Георгиевска и Давид Златковски – Младински лидери при младинската секција при ПСК Голак, но исто така и искусните младинци Ина Мишева, Ивана Георгиевска, Симона Ќурчиска, Сандра Илиевска, Мартин Спасевски.

Голема благодарност и до возрасните членови Дејан Георгиевски (Советник во општина Делчево), Јонче Атанасовски (Пожарникар во ТППЕ Делчево), Зуја Николовска (сопственик од М.Каменица), Миле Ѓорѓијоски (Сатиричар) ………….и сите останати кои дојдоа на Голаки не дружеа на денешниот прекрасен и максимално поозитивен ден, додаде лретседател дипломиран шумски инженер Љупчо Чучуковски.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*