Креативна работилница по повод 8 Март, Меѓународниот ден на жената во Пехчево

Денеска во библиотеката се одржа креативна работилница на тема: “Честитка за мојата мајка,баба,тетка” со учениците од второ одделение под менторство на наставничката Емилија Станоевска,а по повод 8 Март- денот на жената.

Со вредните рачиња на дечињата и помошта на библиотекарките се изработија честитки кои беа наменети за нивните мајки,баби,тетки и сл.

За нивниот труд беа наградени со скромен подарок од страна на директорката на библиотеката, се вели во објавата на библиотеката од Пехчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*