Активности на ЈЛБ ,,Илинден” по повод Меѓународниот ден на жената, 8 Март

ЈЛБ„Илинден“-Дечево на сите припаднички на понежниот пол им испраќа порака:„Бидете горди што сте жени.Мудри, достоинствени, храбри и силни, а истовремено и нежни и внимателни.Бидете такви долги години.Среќен 8 – ми Март!

А ова осмомартовско претпладне, на сите припаднички на понежниот пол кои работат во библиотеката , им го честитаа дечињата од подрачното училиште на ООУ„Ванчо Прке“ од село Габрово. Со честитки и хартиени цветови кои сами ги изработиле , тие дојдоа во библиотеката , и со песнички, радост и насмевки го честитаа денот на жената.

Седумте дечиња кои учат во Габрово заедно со нивните наставнички Билјана Велковска и Гордана Коцева, беа наши гости и го направија овој 8 – ми Март навистина убав. Благодарност и до наставничките и до дечињата за изработките, ова беше внимание кое грее душа.
Традиционално пак, ЈЛБ„Илинден“ секоја година на денот на жената избира и наградува најредовни жени читателки на различна восраст.Овој 8 – ми Март подарок книга и цвеќе добија нашите читателки Радмила Стоименовска, Сашка Велевска и Весна Георгиевска.Се надеваме дека и понатаму ќе бидат наши редовни читателки.
Одбележувањето на овој празник почнува на почетокот од 20 век кога во Светот владееле индустријализацијата и економската експанзија, притоа доведувајќи до протести поради лошите услови за работа. Во 30-тите години некои држави престанале да го одбележуваат овој ден, но во 1975 година ОН почнале официјално да го одбележуваат.
Денот на жените се одбележува во сеќавање на пожарот во текстилната фабрика Триангл Шртвеист, кој се случил во Њујорк во 1911 година. Тој ден загинале над 140 жени. Првите јавни демонстрации на жените вработени во индустрија за облека и текстил се случиле на 08.03.1857 година во Њујорк. Тогаш реагирала и полицијата да ги растера демонстрантите, а нешто подоцна тие жени основале синдикат.
Протести продолжиле да се случуваат во следните години. Првата меѓународна женска конференција е одржана во данскиот град Копенхаген во 1910 година во организација на Социјалистичката Интернационала. Празникот е утврден на предлог на славната германска политичарка и борец за човекови права Клара Цеткин.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*