Во Пехчево одржана работилница на тема „Еко активизам – младите креираат одржлива иднина”

Во рамките на проектот „Еко активизам – младите креираат одржлива иднина„ на
24.02.2024 година во Едукативниот центар за зачувување на природата, с.Негрево, се
одржа работилница на тема: Застапување и лобирање.

Лобирањето и застапувањето се важни алатки за остварување на промени и видливи
подобрувања за условите за младите и токму затоа целта на работилницата беше да се
информираат учесниците за процесот, како може да се влијае врз оние кои носат одлуки
за надминување на проблемите со кои се соочуват младите.

Учесниците на интерактивен начин, преку вежби ги планираа идните чекори на
циклусот на застапување и ја разгледуваа улогата на промоцијата и користењето на
социјалните медиуми за ефективно лобирање и зголемување на видливоста на
самите младинските организации.

Преку стекнатите знаења од овие обуки младите во иднина ќе имаат можност да влијаат во процесот на креирање на политиките и носење на одлуките поврзани со подобрени услови на животната средина, но и за други актиелни прашања кои ги засегаат младите.

Со оваа работилница се заокружува циклусот на обуки за зајакнување на капацитетите
на младите. Во следниот период фокусот ќе биде ставен на реализација на конкретни
активности и интеракција со локалните институции.

Проектот го спроведува Здружението Амброзија, преку регрантирање од страна на
Македонско здружение на млади правници во рамки на проектот Младите за позелени

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*