Мира Симоновски која на 74 години го искачи Килиманџаро ќе добие плакета од Општина Делчево за нејзиниот подвиг

Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски денес оствари прием на планинарот Мира Симоновски која пред неколку дена направи огромен подвиг, освојувајќи го 5895 метри високиот врв Ухуру  на планината Килиманџаро.  

За него е огромна чест, што Делчево доби нов амбасадор кој ке го промовира градот ширум светот.

-Уште поголем подвиг е тоа што г-ѓа  Мира Симоновски го освои врвот на 74 годишна возраст и има само уште двајца луѓе во светот кои на оваа возраст се искачиле на врвот  Ухуру на Килиманџаро. Годишно околу 15000 луге се обидуваат да го искачат тој врв,но успеваат само 40% од нив.Честитки Мира Симоновски. Вие сте гордост за Делчево, истакна Трајковски.

На приемот  присуствуваа и директорите на општинските училиштата кои имаа можност да слушнат за огромното искуство на делчевскиот планинар, со цел да го пренесат истото во училиштата на нашите ученици.

,-Со самото тоа се надевам дека тоа ќе биде потстрек за многу наши ученици да се вклучат во планинарските здруженија и да продолжат по патот на нашата сограѓанка Мира Симоновски  и во иднина да ги освојуваат светските планински врвови.

Претходно го има освоено и врвот Арарат, додаде Трајковски.

По повод големиот подвиг на Симоновски Општина Делчево ќе и додели плакета на Мира Симоновски на денот на ослободувањето на Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*