Едукативно предавање за превенција на болестите на бубрезите во Делчево

Во Делчево се одржа предавање по повод Светскиот ден на бубрегот, 14 март. Со предавањето беа опфатени ученици во Средното општинско училиште ,,Методи Митевски –  Брицо” на тема ,,Значење на бубрезите и процена на пациент со бубрежна болест ”.

Предавањето го одржа д-р Моника Анакиева  во соработка со Ристе Ѓоргиев и Виолета Марковска. Целта на настанот како што беше кажано на предавањето е едукација на младите за значењето на бубрезите, превенција на болести, степени на нарушување на функцијата и нивен третман. 

Во рамки на предавањето беше потенцирано дека во 5 стадиум на бубрежно оштетување неопходен е дијализен третман до момент на трансплантација од жив донор или кадаверична трансплантација од починат донор .

Организатор на настанот беше Приватната здравствена установа Центар на дијализа ,, Диамед Македонија ” која е членка на Диаверум како  водечки глобален дијализен провајдер преку нејзината Подружница број 3 во Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*