Ученичка од ООУ ,,Ванчо Прке” Делчево освои второ место на Државната Олимпијада по Германски јазик

Ученичката Бојана Стојковска – Божиновска под менторство на наставник Анита Постоловски го освои Второто место на Државната Олимпијада по Германски јазик.

Веста за одличниот резултат ја сооопштија од деветолетката ,,Ванчо Прке” Делчево.

-Денес на Државната Олимпијада по германски јазик што се одржа во
СУГС ” Ѓеорги Димитров “, во Скопје, нашата ученичка БОЈАНА СТОЈКОВСКА – БОЖИНОВСКА, освои ВТОРО (II) МЕСТО.
⚘️👏💥ЧЕСТИТКИ за нашата ученичка и за нејзиниот ментор АНИТА ПОСТОЛОВСКИ, се вели во објавата на делчевската деветолетка.

Честитки за овој успех на нашите претставници кој се надеваме ќе биде поттик за уште поголеми успеси.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*