Започна пријавувањето за првиот детски Камп со Лемпи и Влатко

ПОВЕЛЕТЕ НА НАШИОТ ДЕТСКИ КАМП!
(За деца околу 12-16г)

Здраво! Ние сме Влатко и Лемпи.
Ве покануваме на нашиот прв детски камп во село Тодоровци на 06.04.2024 во 10:00 —>

Ќе поминеме заеднички ден во природа, учење на музика, градинарство и запознавање меѓусебно! Ќе готвиме и јадеме заедно, и на крајот од денот, ќе направиме огин околу кој со песна и приказна ќе го завршиме кампот!

На кампот ќе се зборува на македонски и англиски јазик, што претставува одлична можност за усовршување на вашите вештини за разговор. Доколку не зборувате англиски, можете пак да присуствувате!

ШТО ТРЕБА ДА ПОНЕСЕТЕ СО СЕБЕ
-Свој личен прибор (чинија, чаша, лажица)
-Тетратка и пенкало за пишување
-Доволно облека во согласност со временските услови
-Вашата насмевка

Овој камп е бесплатен и вклучува јадење!

ВЕ ЗАМОЛУВАМЕ ПРЕДВРЕМЕ ДА НЕ ИЗВЕСТИТЕ ЗА ВАШЕТО ПРИСУСТВО (местата се ограничени)

-Пријавување до 31.03.24 на lempitonttu@gmail.com или кај Влатко Ристовски
-вашето име и презиме + ние ќе ви пратиме точна адреса на кампот

Доколку сакате да ја поддржите нашата работилница (за обезбедување храна, алат, инструменти… итн) можете да направите донација на било која од следните опции:

Комерцијална Банка
300007089366674 Влатко Ристовски

https://gofund.me/315e5e3e

https://revolut.me/lempitonttu

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*